Снежана Захариева нова директорка на Кумановската болница

05.08.2017 19:49 | KumanovoNews

 Снежана Захариева е нова директорка на Општата болница Куманово.

 
Снежана Захариева нова директорка на Кумановската болница

 Захариева  е  доктор специјалист анестезиолог, а доаѓа на местото на досегашниот директор Ариф Љатифи.

„Голема благодарност до Министерството за здравство за укажаната доверба да раководам со една голема здравствена институција која згрижува пациенти не само од Куманово, туку и од целиот североисточен регион. Со добар тим и посветена работа се надевам дека ќе ја вратиме довербата кај пациентите и дигнитетот на институцијата, - изјави Захариева.

Снежана Захариева е поранешна претседателка на општинската организација на СДСМ и  актуелна советничка во советот на Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk