Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одделението за геријатрија во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, ќе се реновира и ќе добие нова опреми со средства обезбедени од Европската унија, преку проект за прекугранична соработка со Врање, Република Србија.
Проектот „Премостување на границите – заедно за утре“ е партнерски проект помеѓу двете институции и две невладини организации, „Порака наша“ од Куманово и Едукативен центар од Лесковац. Проектот ќе трае 24 месеци.
„Вкупниот буџет на проектот е 402.336 евра, од кои 85 отсто ги обезбедува Европската унија. Со тие пари е предвидена реконструкција на Домот за стари лица во Куманово и Центарот за унапредување на социјалната заштита во Врање. Имаме и меки мерки, активности за унапредување на квалитетот на животот на корисниците, две мини кампањи кои ќе треба да ја запознаат пошироката јавност со нивните проблемите, тенинзи и обуки за вработените во секторите за социјална заштита, за да се подигнат заедничките капацитети во пограничниот регион“, изјави Игор Стаиќ, менаџер на проектот од Едукативен центар од Лесковац.

За реконструкцијата у опремување на одделението во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ предвидени се близу 100.000 евра.
„Нашиот дом ќе добие целосна реконструкција на геријатриското одделение, како и нова опрема. Исто така ќе се обезбеди и техничка помош која се состои во компјутери и лап-топи, за потребите на корисниците и вработените. Преку овој проект ќе се добијат поквалитетни услуги, што е од големо значење за нас како институција. Ние имаме 60.000 евра за реконструкција, 20.000 евра за опрема на просториите и 15.000 евра за компјутерската техника“, кажа Александар Крстевски, директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
Центарот за социјална заштита на Врање, исто така ќе добие близу 100.000 евра, а ќе се искористат за реновирање на кровот и обезбедување на компјутерска опрема.
„Овој проект е за нас е од огромно значење, затоа што нашата зграда е стара преку 40 години. Вредноста на прокто е околу 100.000 евра, тука ја сметам и компјутерската опрема. Површината на кровната конструкција е околу 600 м2“, кажа директорот Драган Јањиќ.
Јелена Стаменковиќ од „Порака наша“, објасни дека нивните активности се насочени кон нивните корисници и потребите кои ги имаат.
„Ќе работиме на унапредување на дигиталната писменост кај маргинализираните групи, ќе организираме работилници за здравствена едукација на стари лица, лица со попреченост и нивните семејства. Тука се и обуките за здраво стареење, ментално здравје, прекугранична културна размена на искуство и др“, кажа Стаменковиќ.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk