Со 42.500 евра во чорапи сакал да излезе од државата

28.10.2013 13:58 | KumanovoNews

 На граничниот премин Табановце викендов се запленети поголема количина на девизи, кои совозач во автомобил сакал да ги пренесе во чорапа.

Со 42.500 евра во чорапи сакал да излезе од државата

При претрес на патничко моторно возило пријавено за излез од државата  царинските службеници пронашле 42.500 евра. Кај совозачот сокриени под ногавиците, во чорапите, пронајдени се непријавени 42.500 евра за кои немал никаков документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 2000 евра, а привремено се задржани 40.500 евра.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk