Со 55 милиони денари реконстуирана е зградата на Секторот за внатрешни работи Куманово

06.09.2021 12:03 | Сузана Николиќ

Заврши реновирањето и санацијата на зградата во којашто е сместен Секторот за внатрешни работи во Куманово. На целиот објект поставенa e термоизолациона фасада,  нови ПВЦ прозорци, алуминиумски врати, ново парно греење, нови влезно-излезни рампи, рефлектори  за надворешно осветлување и видео надзор и др. Исто така, изработен е и проект за гасификација на СВР Куманово, кој е доставен до Општина Куманово и по добиеното одобрение, целиот објект ќе се гасифицира.

 

Со 55 милиони денари реконстуирана е зградата на Секторот за внатрешни работи Куманово

За целосно реновирање и санација на објектот издвоени се околу  55.000.000 денари, средства од буџетот на Министерството.

„Денеска, од моето Куманово со  особено задоволство сакам  да Ве информирам дека реновирањето на објектот  во кој е сместен  Секторот за внатрешни работи  Куманово е успешно завршено. Со гордост можам да кажам дека ова е 60 објект на МВР кој како раководство го реновиравме и на тој начин обезбедуваме подобри услови за работа на полициските службеници и за подобра услуга на граѓаните.  Реновирањето на објектот што е изграден во 1929 година беше изведено  во повеќе фази, а започна во делот каде сега се сместени вработените во  ОКРА,  потоа беше извршено целосно реновирање на полициската станица Куманово, санација на просториите за приведување  и задржување  на лица како и изведба на нова пристапна рампа за лица со инвалидитет,  а реновиран беше и делот каде што се сместени  БПС Куманово и Крим-полиција“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата денешна посета на Куманово  каде што се сретна со раководството на СВР Куманово, а по повод завршената санација и реконструкција на објектот на СВР Куманово.

 

Министерот најави дека МВР продолжува со несмален интензитет во оваа насока и дека во тек се работни активности на објектите во ПС Карпош, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, ОВР Радовиш, Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, ОВР Пробиштип, Полициско одделение Македонска 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk