Со „ауди“ удрил двајца пешаци на „Октомвриска“, жената починала

03.08.2022 13:32 | Сузана Николиќ

Повозрасна жена починала откако била удрена со автомобил на крстосницата од бул.„Октомвриска револуција“, ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово.

Со „ауди“ удрил двајца пешаци на „Октомвриска“, жената починала

Сообраќајната несреќа се случила на 30. јули околу 18.35 часот, кога патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(22) од Куманово, удрило во пешаците Р.Д.(80) и Н.Н.(85), двајцата од Куманово. 

„По несреќата, на Р.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди во Комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде на 01.август починала“, соопшти полицијата.

 Увид извршила екипа од СВР Куманово.

(фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk