Со автомобил излетал во провалија и загинал

21.04.2021 07:07 | KumanovoNews

Четириест и четиригодишен жител на селото Арбанашко загинал, откако со возилото излетал од патот и паднал во провалија.

Со автомобил излетал во провалија и загинал

Несреќата се случила завчера во периодот помеѓу 23 до 23.30 часот на локалниот пат Арбанашко - Кокино, кога Дејан Петковски (44) со своето возило „голф 2“ двојка се движел код градот. Од непознати причини возилото излетало од патот и паднало во провалија во непосредна близина до мегалистската осерваторија Кокино.

„Вчера во 8 часот случаен минувач го забележал возилото и пријавил во полиција. На терен излегла екипа на Противпожарната единицата во Старо Нагоричане, па откако не успејале да го извадат, побарале помош од пожарникарите од Куманово. Автомобилот морало да се сече за да се извади починатиот“, соопштува Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

Телото е пренесено во Општата болница Куманово, а се работи на расчистување на причините за несреќата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk