Со автомобил удрил во 15-годишник, а потоа го нападнал

10.07.2020 08:13 | KumanovoNews

Татко пријавил дека неговиот петнаесет годишен син, кој управувал мопед, бил нападнат од возач на автомобил.

Со автомобил удрил во 15-годишник, а потоа го нападнал

Како што соопштуваат од МВР, на 08.07.2020 во 23.00 часот во СВР Куманово, М.Ш.(37) од с.Матејче, општина Липково, пријавил дека околу 19.40 часот неговиот 15-годишен син, кој управувал мопед „пежо“ на место викано „Јурија“ во с.Матејче, по претходна расправија околу сообраќајот, бил удрен со возило „голф“ и бил физички нападнат од Ф.Б., кој го управувал возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk