Со автомобил удрил во пешак, па побегнал

05.08.2022 20:49 | Сузана Николиќ

Повозрасен кумановец се здобил со сериозни повреди во сообраќајна несреќа на крстосницата на локалниот пат за с.Пчиња, ул.„Косовски бригади“ и крак од ул.„Тоде Думба“.

Со автомобил удрил во пешак, па побегнал

Сообраќајката се случила вчера околу 11.00 часот, кога патничко возило удрило во пешакот Н.А.(82) од Куманово. Наместо да му помогне на повредениот, возачот го напуштил местото на несреќата. 

Од ударот Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. 

Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово и за настанот бил известен Јавен обвинител.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk