Со БМВ удрил пешак, детето пренесено на Ургентен во Скопје

31.12.2017 14:25 | KumanovoNews

Осумгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа пред гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.

Со БМВ удрил пешак, детето пренесено на Ургентен во Скопје

  Сообраќајката се случила вечра во 15,30 часот на ул. „Перо Чичо“  пред главниот влез на средното училиште „Гоце Делчев“, кога патничко моторно возило „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(38)  од Куманово удрило во пешак Т.С. (8) од Куманово.

Во незгодата пешакот Т.С. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Општа болница -Куманово каде му е укажана лекарска  помош, но поради сериозноста на повредите истиот е пратен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.  

 Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи од Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk