Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ и граѓани засадија околу 1000 зимзелени садници, на местото кое до неодамна беше дива депонија во селото Долно Којнаре. Надлежните се надеваат дека ова ќе биде место за прошетка и рекреација на жителите во овој дел на градот.
„Ова локација во с. Долно Којнаре пред 1 една година беше дива депонија. Заедно со приватни стопанственици успеавме да ја исчистиме, а во соработка со месното население започнавме со акција за масовно пошумување на зимзелен садник. За оваа година планирани се 1000 садници, а локацијата ќе ја пошумуваме и наредната година. Акциите се дел од програмата за долгорочно справување со аерозагадувањето и за чист воздух“, изјави Даниел Стојчевски, директор на претпријатието.
На местото се поставени и знаци за забрана на фрлање на отпад, а екипите на јавното претпријатие редовно го изнесуваат сметот.
Од претпријатието посочуваат дека се пошумува во повеќе дело на градот, како во централното градско подрачје, така и на периферијата како што е случајот кај порнашената фабрика „Монопол“, кои претставуваат еден вид на заштита од издувните гасови од автопатот Куманово-Табановце.Претходно имаше акција за пошумување на Спомен Костурницата, а ваквите активности ќе продолжат и до крајот на годината доколку дозволат временските услови.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk