„Македонија пат“: Со целокупната механизација се чисти снегот од државните патишта

12.01.2025 12:53 | KumanovoNews

ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта - „Македонија пат“, со целокупната механизација и работна сила е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта.

 

„Македонија пат“: Со целокупната механизација се чисти снегот од државните патишта

Од Министерството за транспорт и врски велат дека на располагање на претпријатието се ставени и “трети лица” (компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат)  и истите се вклучени во расчистување на снегот на магистралните и регионалните патишта. 

„Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови со кашест снег на коловозот и затоа апелираме да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.
 
ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен.    
 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk