Со црвена боја ќе бидат регистрациите на службените возила на државните функционери

05.12.2024 09:16 | KumanovoNews

Со црвена боја ќе бидат регистарските таблички на службените возила на Владата, министерствата и државните институции. 

Со црвена боја ќе бидат регистрациите на службените возила на државните функционери

Дали ќе се воведе ваква пракса и во локалните институции не е познато, бидејќи дел од локалните функционери и директори ги користат службените возила во приватни цели. (Фото: Кумановоњуз)

Бројките и буквите на регистрацијата пак ќе бидат испишани со жолта боја и со тоа тие ќе бидат лесно воочливи и ќе се спречат злоупотреби.

Директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски вели дека Правилникот за регистарски таблици на службените коли е веќе изготвен и наредната недела треба да помине на владина седница.

„Задолжено е Министерството за внатрешни работи да спроведе постапка за набавка на црвена боја, по што ќе почне процесот на нивно менување. Штом заврши тендерот сите институции ќе добијат рок од 30 дена во кој треба да ги променат табличките. Со ова ќе спречиме злоупотреби односно службените возила нема да може да се користат за приватни и партиски цели“, вели Томовски за порталот  СДК.мк.

Тој додава дека ќе биде отворена и линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат доколку забележат дека службено возило се користи за приватни или партиски цели.

Дали ќе се воведе ваква пракса и во локалните институции не е познато, бидејќи и дел од локални функционери и директори ги користат службените возила како приватни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk