Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Голем шумски пожар и вчера беснееше на планината Карадак, во местото викано „Влаин Гроб“ во атарите на селата Никуштак и Матејче.
Од Дирекцијата за заштита и спасување интервенирале со два авиона, кои во три наврати исфрлиле 35 тони вода во гаснење на пожарот во понискиот дел на селото Никуштак и истиот е изгаснат до 14.30 часот.
Во пожарот била зафатено сува трева, висока дабова шума и ниско стеблеста шума со вкупна површина од 30 хектари.
Во повисокиот дел на атарот на селото Матејче пожарот не е изгаснат и е сеуште активен, поради лошиот терен до самото место на пожарот. На терен се екипи на Шумското стопанство кои и денска го гаснат пожарот, - информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk