Со ентузијазам и без пари “Панче Пешев“ ја почнува 2014

22.01.2014 13:42 | KumanovoNews

Со многу ентузијазам и без средства за нормално функционирање културно - уметничкото друштво “Панче Пешев“ ја почнува 2014 година.

Со ентузијазам и без пари “Панче Пешев“ ја почнува 2014

Бидејќи распустот заврши, играорците почнуваат со проби и тоа за малите групи 2 пати, а за првиот ансамбал 3 пати неделно.

Имаме 10 кореографии и нив ги вежбаме за да бидеме секогаш подготвени за настап. Тоа е кондиционен и уметнички тренинг. И оваа година ќе настапиме на државни празници, концерти, фестивали во Македонија, а ако некој ни се смилува да партиципира во трошоците ќе одиме барем на еден меѓународен фестивал. Ја стартуваме оваа година без никаква финансиска конструкција како и лани, но се надеваме дека некој ќе размисли за овој кумановски бренд кој во 2016 година ќе слави 90 години постоење - вели Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител на ансамблот.

Тој ги повикува сите млади љубители на фолклорот да дојдат и да им се приклучат бидејќи конкурсот за упис на нови членови е постојано отворен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk