Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со 10.000 евра, европски пари, во Куманово ќе се спроведе пилот проект за намалување на невработеноста.
Носители на проектот се организации од Германија и Литванија, и истиот ќе биде реализиран во соработка со Центар за вработување Куманово. Деталите на кој начин ќе се одвива проектот допрва ќе се прецизираат.
- Свикавме состанок со претставници од општините Куманово, Старо Нагоричане, работодавачи, невладини, заштитни друштва, Фондација за мали и средни претпријатија и тие треба да дадат идеја за мерка за намалување на невработеноста. Се договоривме да избереме работна група со координатор, со лица кои нема да бидат од АВРМ и тоа ќе го направиме за месец дена. Тие ќе одредат која ќе биде целната група која ќе биде опафтена со проектот - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
Ваков пилот проект ќе се спроведува во Скопје, Тетово и Битола.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk