Со фалсификуван печат заработил 2,5 илјади евра

17.05.2013 14:57 | KumanovoNews

Б.К.(39) од Куманово, раководител на Подружница „Фалкон-1“, фалсификувал печат и нелегално заработил 2,5 илјади евра.

Со фалсификуван печат заработил 2,5 илјади евра

На почетокот од 2012 година, раководителот изготвил кружен печат со натпис на Агенцијата-Подружница Куманово, во која не го навел целиот назив на Агенцијата за обезбедување на лица и имот „Фалкон1“-Штип. Потоа без овластување на Агенцијата склучил седум договори за обезбедување на имот со граѓани од Куманово и за услугата од нив во готово наплатил вкупно 156.760 денари. Парите не ги евидентирал и не ги пријавил во евиденциите на Агенцијата за обезбедување.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против  Б.К. за кривични дела повреда на правото на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма и злоупотреба на службената положба и овластување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk