Со фалсификувани евра купил добиток

11.04.2013 13:29 | KumanovoNews

 Н.Б.(21) од Куманово со фалсификувани банкноти купил добиток од С.П.(60) од с.Никуљане.

Со фалсификувани евра купил добиток

Во текот на февруари, Н.Б. набавил две фалсифкувани банкноти во апоени од 50 и 100 евра, и со нив го купил добитокот. По ова, измамениот продавач ги дал парите на неговиот син со цел да купи вештачко ѓубре во Земјоделска аптека во Куманово. Додека плаќал во аптеката, продавачот забележал дека еврата се фалсификат.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Б.за сторнео кривично дело „фалсификување пари“ и против С.П.(60) од с.Никуљане за „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“ од Законот за девизно работење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk