Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во близина на кумановското село Умин Дол, денеска било запрено возило кое се движело со брзина од 146 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/ч.
Возачот од Општина Липково бил пресретнат од Мобилна единица за безбедност на сообраќај на патиштата.
„ Во 10.15 часот на регионалниот пат Куманово- Скопје, во близина на селото Умин Дол, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Р. од Липково. Имено, во наведеното време со специјално возило т.н.„пресретнувач“ на МВР било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час“, соопштуваат од полицијата.
Против лицето е поднесен прекршочен платен налог и ќе се соочи со предвидена законска санкција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk