Со грант “Водовод“ ќе ги намали загубите на вода

30.01.2014 09:10 | KumanovoNews

Јавното претпријатие “Водовод“ доби грант од 36.000 евра од Светска банка преку програмата Води од дунавски регион и парите ќе бидат потрошени за намалување на загубата на води.

Со грант “Водовод“ ќе ги намали загубите на вода

  Средствата ќе бидат наменети за утврдување на загуби на вода во мрежата, дефекти, кражби на вода. Ќе се утврди процентот на загуби и ќе се преземат мерки за нивно намалување. Ќе се набават модерни инструменти, дел можеби ќе бидат водомери, може да се заменат делови од цевки - рече Горан Стојковски, директор на ЈП“Водовод“.

Со цел да ја подобри финасиската состојаба, од претпријатието аплицирале за добивање на грантови и со поголем износ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk