Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со хепенинг на Градскиот плоштад денеска заврши празнувањето на Детската недела, во организација на хуманитарното здружение „Мајка“.
Ученици од основни училишта читаа поезија, а настапи и Детскиот градски хор. Со овој настан беше испратена порака за почитување на правата на децата.
Со ова сакаме да испратиме порака дека и децата се дел од заедницата и дека треба повеќе да бидат почитувани детските права од возрасните, и од целата заедница - рече Лидија Илијевска, претседател на “Мајка“.
Дел од учениците досега неколку пати учествувале во одбележување на Детската недела која трае од 5 до 11 октомври.
Ќе ја читам поемата „Сите заедно за подобро утре“, кој покажува дека децата не ги делат луѓето по боја на кожа, традиција, потекло - рече Сара Марковска, ученичка во “Христијан Карпош“.
Хепенингот го следеа многу деца, родители и граѓани. Цела недела хуманитарното здружение “Мајка“ организираше работилници и спортски натпревари во Куманово за одбележување на Недела на детето.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk