Со „Јоцо- турс„ на назаборавно летување

13.06.2013 10:45 | KumanovoNews

 Хит дестинација на агенцијата е Неа Флогита, каде може да се летува од 6 до 10 евра по лице во јуни и јули.

Со „Јоцо- турс„ на назаборавно летување

Туристичката агенција „Јоцо-турс„ и ова лето нуди богата понуда за летување во странство по поволни цени. Најинтересни се програмите за годишен одмор во Грција, Турција, Бугарија, Црна Гора и  Охрид.

 Најголем интерес имаме за Грција, каде повеќето сместувања се во вили со студиа и апартмани. Во нашата програма се обработени двата крака, првиот Касандра и вториот Ситонија. Како хит дестинација оваа година ја нудиме Неа Флогита, а примамливи се и Пефкори, Скиони и уште многу други. Најдобро е граѓаните да дојдат во нашата агенција и да се информираат за сите понуди и можности што ги нудиме- вели Борис Ивановски, менаџер во агенцијата.

Од Туристичката агенција “Јоцо-турс„, тврдат дека оваа година  имаат најниски цени за летување во однос на другите. Најбарана е понудата во Неа Флогита во хотелот Сајт Бич, каде што се цените се движат од 6 до 10 евра по лице во јуни и јули, како и во шпицот на сезоната.

Се работи за многу квалитетен смештај на само 70 метри од плажата, а ги нуди сите удобности кои ги нудат апартманите, опремени со кујна, дневна и спална соба. Плажата е многу убава со сино знаменце. Неа Флогита е на 50 километи од Солун или на 300 километри од Куманово.  Имаме и организиран превоз секој вторник и сабота, а повратниот билет чини 35 евра. -додава Ивановски.

Покрај аранжманите во Грција од агенцијата ги посочуваат и поволните понуди во Турција, Кушадаси, каде сместувањето се движи од 5 до 13 евра во хотел со три звездички, како и Златни песоци во Бугарија, каде олинклузив изнесува 159 евра по лице за 10 дена.Во Црна Гора во Шушањ, полн пансион е 16 евра.

Вработените ги повикуваат граѓаните доколку се заинтересирани за нивната понуда, да дојдат што поскоро, бидејќи понудите се ограничени. Плаќањето може да биде одложено со кредитни картички.

„Јоцо-турс„ од 1 јули стартува и со сопствен автобуски превоз за Охрид и Дојран.

Повеќе информации на ул. "Октомвриска револуција" бр.58 или на телефоните: 031 429 426, 071 376 426 како и на сајтот на агенцијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk