Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Спајдермени, самовили, принцези, шеици, кловнови, бубамари, невести и други ликови од цртаните филмови денеска продефилираа на Градскиот плоштад по повод Денот на шегата.
Мојата маска е радост. Ми помогна мајка ми за изработка, а татко ми го купи оклопот. Маската ми симболизира радост бидејќи само еднаш во годината се случува овој маскенбал. Ми се допаѓаат сите маски што ги видов денеска - вели Стефан Мурговски, ученик во 3 одделение во “Браќа Миладиновци“.
За изработка на дел од маските помогнаа и наставниците.
Децата се многу креативни, весели. Денеска денот им почна со шега. Најчесто се маскираат во нивните омилени јунаци, меѓутоа имаме многу разновидни маски. Многу се креативни и интересни во секој случај - рече Валентина Јанева, одделенски наставник во “Браќа Миладиновци“.
Денот на шегата денеска се обележува со маскенбали во сите основни училишта и градинки во градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk