Со мерцедел удрил во 7 годишно дете во Средорек

08.03.2018 09:10 | KumanovoNews

Седум годишно дете синоќа е тешко повредено откако го удрил автомобил во населбата Средорек.

Со мерцедел удрил во 7 годишно дете во Средорек

Несреќата се случила во 18,40 часот во Куманово на улица „Доне Божинов“, кога С.Д.(30) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило мерцедес со кумановски регистарски ознаки удрил во 7-годишно дете, пешак, од Куманово.

Повреденото дете со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Општа болница Куманово, а потоа на клиника во Скопје, за понатамошно лекување.  

Извршен е увид на местото на настанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk