Со „мерцедес“ прегазил семејство-детето во критична состојба

27.06.2016 08:14 | KumanovoNews

Кумановец со својот "мерцедес" прегазил цело семејство откако претходно се скарале за банална работа во Здравствениот дом Куманово.

Со „мерцедес“ прегазил семејство-детето во критична состојба

Инцидентот се случил во саботата околу 22:30 часот, кога С.А. (36) и неговата сопруга М.К. (36) го довеле 4- годишното дете да прими инјекција, а таму биле и Т.Д. (23) и нејзиниот пријател Б.И. Во еден момент, настанала расправија кој е на ред да влезе во ординацијата, но брзо се завршила. Кога девојката и момчето тргнале кон дома, во дворот виделе поголема група луѓе и се уплашиле дека ќе ги нападне. Б.И. го повикал својот брат да дојде со кола по нив. Тој пристигнал со својот "мерцедес" и откако излегол од возилото, настанала расправија и физичка пресметка со присутните, а дел почнале да удираат по возилото. Тројцата успеале да влезат во "мерцедесот" и да свртат на споредната улица, а потоа тргнале назад по улицата "Борис Кидрич". Тогаш Б.И. директно со предниот дел на "мерцедесот" удрил во родителите и во детето. Сите тројца биле повредени, но детето, поради сериозноста на повредите, со мајката, итно било пренесено на Одделението за детска хирургија во Скопје. Откако виделе што направиле, браќата дошле во СВР Куманово, каде што, по извршениот разговор, се задржани, а девојката  е пуштена. Кумановската полиција презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk