Со мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонска ограда

05.07.2020 10:34 | KumanovoNews

 Мотоциклист се здобил со сериозни повреди откако со мотор излетал од патот и удрил во бетонска ограда.

Со мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонска ограда

Незгодата се случила ноќеска во 00,40 часот на ул. „Пиринска Македонија“ во Куманово, кога Д.Г.(23) од Куманово, управувајќи моторцикл “Априлја“ со дебарски регистарски ознаки изгубил контрола над моторциклот, излетал од коловозот и прво удрил во железно-бетонска ограда а потоа во паркирано патничко моторно возило “пежо“ со кумановски регистарски ознаки.

По незгодата на Д.Г. му биле констатирани тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид е извршен од страна на екипа од СВР Куманово а за настанот е запознает и јавен обвинител.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk