Со народни песни и игри одбележан 8 Mарт на Градскиот плоштад во Куманово

08.03.2024 16:13 | Оливера Пешевска

Под мотото „Празниците зближуваат“ денеска на Градскиот плоштад во Куманово се одржа свеченост по повод Денот на жената на која учествуваа ученици од основните училишта Браќа Миладиновци, Вук Караџиќ, Магдалена Антова, Толи Зордумис, Христијан Карпош и Бајрам Шабани.

Со народни песни и игри одбележан 8 Mарт на Градскиот плоштад во Куманово

Децата изработија честитки за дамите, а подготвија и богата културно-уметничка програма.

„Рачно изработените честитки измамија насмевки од сите дами, сограѓанки, мајки кои се затекнаа на плоштадот. Во пригодна уметничка програма учествуваа членовите на КУД „Српски вез“ и КУД „Бајрам Шабани“ од Куманово“, истакна Лила Младеновска претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво.

Претходно дел од учениците ја посетиле општинската администрација, каде на припадниките на понежниот пол им подариле свои ракотворби.

Манифестацијата беше во организацијата на Отсекот за превенција при СВР Куманово.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk