Со нож прободен таксист

08.08.2011 17:06 | KumanovoNews

Дарко Ј.(63), таксист во компанијата „Спид„, утринава бил прободен со нож од Дејан.А (43) на крстосницата помеѓу улиците „Доне Божинов„ и „Октомвриска Револуција„ во Куманово. Инцидентот се случил во 7.10 часот, а причина се должничко-доверителски односи.

Со нож прободен таксист

Вработените во околните куќани кажуваат дека Дејан му бил сосед на Дарко,  и од порано му должел пари. Кога Дарко одбил да го вози додека не се раздолжат,  започнале расправија по што Дејан извадил нож на расклопување и му нанел две убодни рани во пределот на стомакот. Потоа ладнокрвно излегол од колата, влегол во автобус и побегнал. Повредениот таксист по радио врска побарал помош, и ги известил своите колеги што се случило. Веднаш пристигнале неколку возила и го пренеле во кумановската болница. По укажаната лекарска помош Дарко е пуштен е на домашно лекување.

Полицијата го привела насилникот и со пријава за убиство во обид е изведен пред Истражен судија. Дејан бил регистриран корисник на наркотични дроги.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk