Со опел удрил во пешак, па побегнал

25.10.2019 12:24 | KumanovoNews

Девојка е повредено во сообраќајна незгода што вчера попладне во селото Горно Којнаре.

Со опел удрил во пешак, па побегнал

Несреќата се случила вчера во 18.40 часот, на локалниот пат Куманово - с. Табановце, во близина на крстосницата со пат кој води кон с. Горно Којнаре, во Куманово. Патничко возило опел со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.С.(21) од с.Долно Којнаре, удрило во пешакот Е.П.(26) од с.Горно Којнаре и го напуштил местото.

Во незгодата Е.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Ургентен центар Куманово за укажување лекарска помош. Возачот бил пронајден и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk