Со оружје ја нападнал поранешната сопруга пред родителите и ја одвел дома

08.12.2022 21:31 | KumanovoNews

Во Полициско одделение Матејче, ноќеска по полноќ,  60-годишен жител на кумановско село пријавил дека околу 21.35 часот, додека бил во неговата куќа заедно со сопругата и нивната 21-годишна ќерка, дошол неговиот поранешен зет Д.С.

Со оружје ја нападнал поранешната сопруга пред родителите и ја одвел дома

Пријавениот, инаку од с.Орланце, скопско, со уште едно лице, физички ја нападнале ќерката и со закана со оружје ја одвеле од домот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk