Со пари од јапонската влада ќе се реновира ОУ „Вук Караџиќ“

13.03.2017 10:22 | KumanovoNews

  Со 67.830 евра, средства обезбедени од јапонската влада ќе се реконструира дел од основното училиште „Вук Караџиќ“ во Општина Куманово.

Со пари од јапонската влада ќе се реновира ОУ „Вук Караџиќ“

Преку овој проект, Владата на Јапонија ќе финансира целосно реновирање на кровот на училиштето, набавка на нови и замена на старите прозорци, со што значително ќе се подобри безбедноста на учениците, а загревањето на училишните простории ќе може да се оствари со полн капацитет.

Основно училиште Вук Караџиќ, изградено во почетокот на седумдесеттите години. Кровот и дрвените прозорци на училиштето се сериозно оштетени, а како последица од тоа ѕидовите се полни влага и има недостаток на топлина во училниците и ходниците во текот на грејната сезона.

Амбасадата на Јапонија во Скопје денеска ќе потпише шест грант договори со македонски институции и ќе обезбеди вкупно 368.626 евра помош за проекти во Македонија. Проектите се финансирани од програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти”.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk