СДСМ организира пикник на Спомен костурницата за 11 Октомври

10.10.2022 08:32 | Оливера Пешевска

СДСМ Куманово и оваа година по повод 11 Октомври ќе го одржи традиционалниот пикник на Спомен костурницата. Пикникот ќе започне во 12 часот, а ќе присуствува лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и генералниот секретар Милан Зечевиќ.

СДСМ организира пикник на Спомен костурницата за 11 Октомври

 „Празникот 11 Октомври е еден од најзначајните денови за кумановци и го отсликува борбениот кумановски дух и храброст. 11 Октомври е ден кој треба да го одбележиме во својот град, во градот во кој пукна првата пушка, во борбено Куманово“, изјави Александар Тушевски, претседател на ОО на СДСМ Куманово.

Тој ги покани граѓаните да бидат дел од овој настан исполнет со музика, дружба и позитивна енергија, и на тој начин да го одбележат овој значаен ден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk