Со пластични столбчиња ќе се огради велосипедската патека на „Октомвриска“

27.09.2018 06:17 | KumanovoNews

Велосипедските патеки на булеварот „Октомвриска револуција“ ќе се оградат со пластични столбчиња, за да се обезбеди простор за непречено движење на велоспедистите.

Со пластични столбчиња ќе се огради велосипедската патека на „Октомвриска“

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, вели дека интенција на Општината е да ги ослободи сообраќајни површини на булеварите на „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, за да се зголеми користењето на велосипедите во градот и да можат граѓаните непречено да се движат по тротоарите.

  - Веќе порачавме проект за булеварот „Октомвриска револуција“, за поставување на пластични столбчиња или т.н. „бампери“, за да можат да се обележат овие сообраќајни површини, а воедно да се спречат несовесните возчи да ги паркираат своите возила на патеките. Проектот е во завршна фаза и се надевам дека до крајот на оваа година ќе успееме да и дадеме нов лик на „Октомвриска револуција“. Потоа ќе пристапиме со таков план и ќе се обидеме „Трета МУБ“ да ја ослободиме за велосипедистите и паралелно ќе воведеме втора зона на паркирање во градот, - изјави Димитриевски.

Тој апелираше до граѓаните да го користат платениот паркинг просторот за своите возилата, наместо непрописно да се паркираат во околните улички и сокаци, поради што се создава хаос во сообраќајот. Затоа од сообраќајната полиција побара несовесните возачи и прекршителите во сообраќајот да ги казни.

Куманово има инфраструктура за 7000 возила, а во градот се возат 27.000 возила.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk