Со помалку пари на премиера во Кумановскиот театар

05.07.2018 09:59 | KumanovoNews

Новото раководство на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово, ги намали цените на билетите за премиерните претстави во Кумановскиот театар, а ги ослободи од плаќање на влезница лицата со посебни потреби.

Со помалку пари на премиера во Кумановскиот театар

 - Управниот одбор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, на седница одржана на 28. јуни донесе одлука за намалување на висината на цената на влезните билети за премиерна изведба на претставите, од сегашните 200 на 150 денари. Истовремено донесе одлука за бесплатен влез на категорија - деца со посебни потреби и еден нивни придружник за програмите на Центарот за култура, - изјави директорот Сашо Тодоровски.

Целта е да се зголеми посетеноста и бројот на публиката, и да се овозможи и на граѓаните кои не се во завидна економска состојба да можат да ги следат културните настани во оваа институција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk