Со повеќе културни настани ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите

16.05.2022 11:45 | Сузана Николиќ

Националната установа Музеј Куманово со повеќе културни активности ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите - 18 мај.  

Со повеќе културни настани ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите

Денеска во 19.30 часот во Уметничката галерија ќе се отвори ретроспективно-монографска изложба на Димитар Стојчевски - експресионист според сликарскиот темперамент, а лиричар според својата душа. Автор на монографијата и куратор на изложбата е Гоце Божурски.

Во среда со почеток 10:00 часот во Лапидариум на НУ Музеј Куманово ќе се одржи промоција на едукативно видео “Нашето културно наследство”. По повод 18 мај влезот во Музеј за секој посетител е бесплатен.

Во четврток во 12:00 часот во Занаетчиски Дом, Куманово, ќе се промовираат монографиите на „Добри Трендафиловски Добрин“, „Исени Реџаи“, „Ѓорѓе Шијаковиќ“ и „Димитар Стојчевски“, објавени во рамките на ретроспективно-монографските изложби на уметниците, како и книгите „АртМемориам“ и „Наива“ во која се опфатени триесеттина автори кои припаѓаат на нашата наивна уметност, од авторот Гоце Божурски.

Во петок во 11:00 часот во Занаетчиски Дом, Куманово, ќе се одржи промоција на Музејски гласник број. 12 и 13 по повод 55 години НУ Музеј Куманово (рецензен д-р Звонимир Николовски).

Промоција на монографии „Трајко Муфтински” (рецензент д-р Дафина Герасимовска) и „Цркви и манастири во Жеглигово” (промотор д-р Сашо Цветковски и д-р Звонимир Николовски), од авторот Славица Крстиќ.

Промоција на документарен филм од област на историја на уметност: „Ориентални влијанија на поствизантиските цркви во Кумановско“ од авторот Валентина Андреиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk