Со секира сакал да ги убие сопругата и синот

21.05.2013 12:54 | KumanovoNews

 Жител на селото Кучкарево со секира се заканувал на сопругата и синот.

Со секира сакал да ги убие сопругата и синот

Нападот се случил на почетокот на месецот кога П.Д.(57) без причина се скарал со домашните уште рано наутро.  Потоа кавгата прераснала во физичка пресметка, при што насилникот земал дрвен стап и почнал да удира по сопругата С.Д.. Откако таа успејала да избега, П.Д. со секира се заканиле дека ќе ја убие неа и нивниот син.

П.Д. ќе одговара за кривично дело загрозување на сигурноста.

 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk