Сo свечена академија Србите го прославија Свети Сава

27.01.2016 09:33 | KumanovoNews

Во театар Куманово синоќа се одржа свечена академија за Свети Сава, во организација на Српската заедница во Македонија регионален одбор Куманово.

Сo свечена академија Србите го прославија Свети Сава

Со пригодна културно-уметничка програма, музички точки и присуство на високи претставници од земјава беше одбележан празникот.

„Тука е културно-уметничкото друштво „Српски вез“  од Куманово, а ќе настапат и ученици со рецитали од училишта од Старо Нагоричане и Куманово„-изјави Горан Зафировиќ, потпретседател на Српската заедница во Македонија.

На свеченоста присуствуваше и заменик министерот за култура, Драган Недељковиќ кој кажа дека ова е важен ден за Србите во Македонија и се одбележува во Тетово, Битола, Куманово и Скопје.

Амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак Томиќ е среќна  што  неколку години по ред доаѓа на свечена академија во Куманово. Таа им го честиташе празникот Свети Сава на Србите.

„Ова е важен ден за сите Срби кои живеат надвор од границите на Србија“-рече амбасадорката.

За припадниците на српската заедница денеска е неработен ден, согласно со Законот за празниците на Република Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk