Со три метри висока жица се оградува транзитниот центар Табановце

21.03.2016 10:49 | KumanovoNews

Триметарска жичана ограда се поставува околу транзитниот центар Табановце, со цел да се зголеми безбедноста на мигрантите и локалното население, а воедно и да се спречат нелегални влегувања и излегувања од кампот.

Со три метри висока жица се оградува транзитниот центар Табановце

Оградата на кампот е на само неколку метри од првите куќи во маалото Сланиште во селото Табановце. Новите столбови и повисоката жица ја поставуваат припадниците на АРМ на истото место каде стоеше едно метарската ограда.

Според менаџерот на транзитниот центар Табановце Горан Стојановски, одлуката за префрлање на дел од мигрантите во центарот Вино-југ се спроведува тешко, бидејќи мигрантите не сакаат да го напуштат центарот.

„ Во преговори сме со нив и има различни мислења. Едни се плашат дека ќе ги вратиме дома, други воопшто не сакаат да се померат од тука а има и такви што се колебаат. Се зависи од нивната согласност. Доколку тие прифатат ние и денеска ќе организираме транспорт. И покрај одлуката на самитот, сите се надеваат дека ќе се отвори границата и ќе го продолжат патувањето кон земјите на ЕУ„- вели Стојановски.

И мигрантите од Сирија, Авганистан и Ирак потврдуваат дека не сакаат да заминат во Турција, ниту пак да се врата во нивните земји. Најчеста дестинација е Германија каде ги чекаат нивни семејства и роднини.

Во изминатите два дена откриени се уште два случаи на заболени од шуга и сега нивниот број се искачи на 8 лица. Сите се изолирани од останатите мигранти во карантин каде добиваат содветна терапија.

Во транзитниот центар Табановце има вкупно 933 мигранти, а на граничната линија на македонско-српската граница во шатори престојуваат 362 кои чекаат отворање на границата и несакаат да се вртат во кампот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk