Со Тумбсток 2023 утревечер на Градскиот плоштад се затвора Кумановското културно лето

25.08.2023 10:56 | Оливера Пешевска

Утревечер, сабота, со почеток во 20.30 часот, на Градскиот плоштад во Куманово, ќе се одржи  „Тумбсток 2023“, третиот и последен во низата фестивали, со кој ќе биде затворено  Кумановското културно лето.

Со Тумбсток 2023 утревечер на Градскиот плоштад се затвора  Кумановското културно лето

Фестивалот на хип-хоп музиката се одржува втора година по ред, а организаторите се надеваат и посакуваат да прерасне во традиционален.

„На фестивалот даваме предност на младите артисти, особено од Куманово. Скоро сите изведувачи се од Македонија, со што ја негуваме македонската музика и ги почитуваме локалните артисти. Тоа се луѓе од Куманово, кои со години снимаат музика на кумановски, а ѕвезди на вечерта ќе бидат гостите од Скопје-Слаткаристика и 2 Бона“, изјави Марио Арангеловски, директор на Фондацијата за култура и спорт.

 На Тумбсток за настап уште се најавени: Иван Ајнштајн, Вајб, Давид Блек ,Лука Чомбе, Ајман, 1300 Рекордс, Леопард и Дабл Џи Мафија.

  Организатор на настанот е Општина Куманово, а за него од локалниот буџет се издвоени 420 илјади денари.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk