Со владините седници во општините поблиску до граѓаните, рече Заев

16.12.2019 19:54 | KumanovoNews

 Премиерот Зоран Заев, кажа дека владините седници се одржуваат надвор од Скопје, затоа што така Владата е поблиска до граѓаните. На вечерашнава седница во Куманово, покрај министрите учествуваа и градоначалниците од Североисточниот регион.

Со владините седници во општините поблиску до граѓаните, рече Заев

„Ова третата, од низата седници што ги започнавме и што во наредниот период еднаш месечно, ќе се одржуваат во десет различни региони во државата. Започнавме во Битола, бевме во Тетово, и еве не вечерва, со Владата во полн состав, во Куманово.

Поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа и поблиску до нивните потреби, за да ги слушнеме нивните укажувања за да ги одредиме приоритетите во интерес на граѓаните.

На оваа седница како гости ќе учествуваат и градоначалниците од овој регион регион, од општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане.

Сакаме од градоначалниците на овие општини најнепосредно да ги добиеме информациите од интерес на граѓаните. Од тие информации, од она што го очекуваат граѓаните од овие општини и од овој регион да ги утврдиме нашите идни политики и одлуките за проекти кои може да ги реализираат општините со поддршка на централната власт, - изјави премиерот пред почетокот на седницата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk