Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Млада кумановска е тешко повредена во сообраќајна несреќа во 2 часот по полноќ, во близина на Ловачки дом, во населбата Проевце.
До несреќата дошло кога М.С. (25) од Куманово управувајќи патничко моторно возило Голф со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрвен столб за пренос на електрична енергија и во оградата од куќа на ул.„Боро Соколов“.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.М.(24) од с. Биљановце-Куманово, која по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Куманово е префрлена во Ургентен центар -Скопје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk