Со возило удрил во вработен во „пајак“ службата, добил кривична пријава

12.06.2020 14:01 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против шеесет и двогодишен кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие.

Со возило удрил во вработен во „пајак“ службата, добил кривична пријава

На 14.02.2020 на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, пријавениот се заканувал и спречил двајца вработени во ЈП „Куманово-паркинг“ и полициски службеник да го подигнат неговото возило со специјално возило „пајак“, кое било непрописно паркирано.

Исто така, тој со возилото удрил еден од вработените во ЈП „Куманово-Паркинг“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk