Со вреќи песок ќе се спречува излевањето на Липковка

14.05.2019 17:04 | KumanovoNews

 Вреќи со песок се поставени на критичните места на речните корита, со цел да се заштити од евентуални поплави, по силното невреме што ја зафати државата. Во текот на вчерашниот ден и денеска се подигнати насипи на локалитетот „Водовод“, а се чистеа реките на повеќе локации.

Со вреќи песок ќе се спречува излевањето на Липковка

Мерките за заштите од можни поплави се утврдени на вонредна седница на кризниот штаб на Општината, а како најкритична точка била посочена речното корито во локалитетот „Водовод“.

„Една од мерките беше и поставување на вреќи со песок на критичните места долж речното корито на Кумановка. ЈП „Чистота и зеленило“ започна со поставување на локацијата на локалитетотт Водовод, се со цел да се спречат можни излевање на водата доколку врнежите од дожд бидат интензивни, - изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Другите две критични места е реката во селото Режановце и каналот на влезот на селото Добрешане. Таму треба да интервенираат екипите на Водостопанство- Кумановско-липковско поле.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk