Со закани изнудил 3.000 евра

23.08.2017 15:08 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.И. (43) за сторено кривично дело изнуда.

Со закани изнудил 3.000 евра

Во периодот од 10 до 17 јуни пријавениот со сериозна закана дека ќе посегне по животот на оштетената, како и по животот на членовите на нејзиното семејство, побарал и зел 3.000 евра. 

По пријава на случајот, на 23 јуни годинава пријавениот преку порака на мобилен телефон од неа побарал уште 100 евра и истите оствариле средба каде оштетената му  дала во плико обележана банкнота.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk