Со ѕидни весници против трговија со деца

24.11.2010 08:40 | KumanovoNews

 Ученици од основните училишта од Кумановo цртаа ѕидни весници.Активноста ја оранизираше СВР Куманово како дел од проектот за спречување на трговијата со деца, подржан од Мисијата на ОБСЕ.

Со ѕидни весници против трговија со деца

По неколку ученици поделени во групи заедно со нивните наставници во рамките на оваа кретивна работилница на ѕидни весници ги испишаа своите пораки, размислувања за оваа појава која ги засега сите држави, вклучувајќи ја и Македонија. Преку овие активности сакаме да ја подигнеме свеста кај децата и младите за препознавање и превенција од трговијата и искористувањето на детскиот труд - вели Виолета Богдановска, началничка на Одделот за превенција СВР Куманово.

Активноста ја подржаа и наставниците, кои сметаат дека станува збор за многу убав начин учениците да се соочат со она што е дел од реалноста и што секојдневно се случува во нивните животи.

Искористувањето на децата на улица е мој, твој, наш проблем; улицата не е иднина на детето и питачењето ја загрозува иднината на детето се само дел од пораките кои ние денес ги испишавме на ѕидните весници – вели професорката по македонски јазик, Славица Георгиевска.

На учениците и наставниците воедно беа поделени флаери и привезоци во рамките на кампањата за спречување на трговијата со деца.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk