Собрани над 20 единици крв на акцијата на ГРОМ

22.01.2015 14:31 | KumanovoNews

Членови и симпатизери на ГРОМ до 14 часот собраа 20 крвни единици, на крводарителската акција која ја организираше партијата.

Собрани над 20 единици крв на акцијата на ГРОМ

Од ГРОМ велат дека веќе се препознатливи како партијата која ја негува хуманоста и така ќе продолжат и во иднина.

“Собравме 20 единици крв. Тоа е добра бројка, со оглед на тоа што сега е период на грипови, и многумина се болни, па не е препорачливо да даваат крв. Сега е работно време, и  очекуваме после 15 часот да дојдат повеќе луѓе, „ - изјави Марта Цветковска, портпарол на ГРОМ Куманово.

 На крводарителската акција присуствуваше и заменик министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов, кој се надева дека  собраните шишиња крв ќе останат што подолго во витрините на кумановската болница.

Акцијата е оценета како успешна и се очекува до  крајот да бидат собрани триесетина крвни единици.

 “Одзивот досега е добар. Даруваа крв членови и симпатизери на партијата. Очекуваме уште крводарители до завршување на акцијата“ - вели Лилјана Славковска, трансфузиолог.

ГРОМ трета година по ред организира крводарителска акција во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk