Собранието ја констатираше оставката на Заев

23.12.2021 22:19 | KumanovoNews

Собранието ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев, по што почнуваат роковите за избор на нова влада.

Собранието ја констатираше оставката на Заев

Со констатирањето на оставката, почнува да тече рокот од 10 дена претседателот Стево Пендаровски да го додели мандатот за состав на влада на нов мандатар, а потоа тој има рок од 20 дена да му поднесе програма на Собранието и да го предложи составот на новата влада.

 Во партијата веќе избраа нов лидер, Димитар Ковачевски, кој ќе биде и мандатар.

 Новата влада ќе биде помеѓу СДСМ, ДУИ и Алтернатива се очекува да биде изгласана кон средината на јануари.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, изјави дека имаат стабилно парламетарно мнозинство и новата Влада предводена од СДСМ и новиот мандатар ќе биде формирана кон средината на јануари, а нејзин главен приоритет ќе биде справување со предизвиците коишто претостојат, но и да се запази континуитетот на процесите и политиките важни за граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk