Социјалистичка партија организираше собирна акција

21.02.2014 12:00 | KumanovoNews

Социјалистичка партија Куманово во соработка со Црвен Крст, денеска во партиските простории организираше собирна акција.

Социјалистичка партија организираше собирна акција

Собраната гардероба и обувки ќе бидат поделени на социјално загрозените семејства во Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Ние со нашата денешна акција не ќе можеме да ги решиме потребите на загрозените наши граѓани, но сепак сакаме да почувствуваат дека некој им ја следи состојбата и е со нив - изјави Радмила Илиевска, портпарол на младите од СПМ.

Од Црвен Крст велат дека имаат список на семејства кои ќе ја добијат помошта.

Ќе биде донирано за руралните средини, за многудетни семејства како и за сиромашни семејства кои примаат социјална помош, или воопшто немаат приходи - вели Сања Голубовска од Црвен Крст.

Од СПМ Куманово најавија дека и во иднина ќе прават вакви хумани акции.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk