Социјалистите донираа облека и обувки за сиромашните

05.04.2014 10:18 | KumanovoNews

 Членови од Социјалистичката партија денеска организираа хуманитарна акција на која донираа облека и обувки за сиромашните семејства.

Социјалистите донираа облека и обувки за сиромашните

Собрани се облека, обувки и други производи кои ќе бидат дадени на посиромашните граѓани од нашиот град. Еднаш рековме, а сега ќе повториме. Социјалистичката партија ќе продолжи во иднина со вакви донаторски акции и важно е да не се заборави оваа засегната група на граѓани и да се вклучат и другите организации, особено невладините организации, а политичките интереси да ги оставиме настрана - изјави Радмила Илиевска, портпарол на СП Куманово.

Од Црвен Крст се заблагодарија за оваа несебична помош за социјално загрозените граѓани.

Социјалистичката партија преку своите членови организира, донира и навистина една голема благодарност од луѓето кои западнале во таква состојба и од општинската организација на Црвен Крст Куманово - вели Иле Митковски, секретар на Црвен Крст Куманово.

Социјалистите по втор пат организираат ваква хуманитарна акција и велат дека со истото темпо ќе продолжат и во иднина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk