Социјалистите го одбележаа 11 Октомври во Куманово

11.10.2015 11:17 | KumanovoNews

Раководството на Социјалистичката партија на Македонија денеска со положување на цвеќе на Спомен костурница во Куманово, го одбележаа празникот 11 Октомври-Денот на народното востание.

Социјалистите го одбележаа 11 Октомври во Куманово

 Пред присутните се обрати еден од потпретседателите на партијата, Јован Лазаров, кој рече дека на овој ден пред спомениците од НОБ треба да им се оддаде почит  на борците кои се бореле против фашизмот.

“Во таа крвава 4 годишна епопеја, Македонија даде повеќе од 24.000 жртви.  Со вооруженото востание македонскиот народ јасно застана на страната на сите прогресивни сили и народи кои што се бореа против фашизмот. Ние социјалистите сме особено горди што најголемите синови на македонскиот народ, Главинов, Делчев, Груев, Димо Хаџи Димов и уште многу други дејци, задоени со социјалистички идеи го подготвуваа македонскиот народ и ја водеа вековната борба за создавање македонска држава. Тие ја создадоа македонската револуционерна организација и ги трасираа патиштата по кои се одвиваше македонската борба за слобода“ - изјави Лазаров.

Лазаров вели дека 11 Октомври е пример како треба да се чува татковината и да не се потклекнува пред закани, особено за промена на името на државата за која се бореле генерации и генерации.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk