Социјалистите сами го славеа 11 Октомври, општинските власти лути

11.10.2016 13:11 | KumanovoNews

Членови на Социјалистичката партија на Македонија денеска положија цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци по повод Денот на народното востание еден час пред официјалната прослава на Општина Куманово.

Социјалистите сами го славеа 11 Октомври, општинските власти лути

На присутните им се обрати лидерот Љубосав Иванов.

„Да им кажеме на тие од внатре и надвор дека доста е со Македонија и дека вие никој пат не ни помогнавте ни во војните, ни во страдањата, ни во мирот, се што направивме, направивме ние самите и тргнете ги рацете од Македонија, освестете се, размислете. Нема да ве финансираат тие до крајот, ќе ве искористат како што ги користеа многу до сега генерации и ќе ве фрлат на боиштето на историјата и народот ќе плука по вас,- рече  Иванов во обраќањето.

Паралелната прослава на СПМ, предизвика револт кај општинските власти. Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека со оваа постапка се дели народот дури и на државните празници.

„Ова јасно укажаува во кој правец се движи Република Македонија, поделена по сите основи.  Жал ми е за ваквиот начин на покажување на ароганција и поделби во РМ. Од ова свето место аплерима до сите разумни луѓе во Македонија да почнеме да градиме заедничка Македонија, тоа е основен концепт по кој може да опстане Македонија како мултиетничка, мултикултурна и држава на сите граѓани„, - изјави градоначалникот Дамјановски, по завршување на прославата. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk